Одбојкарската репрезентација на Турција ја оправда фаворитската улога и со 3:0 ја совлада БиХ во квалификациите за ЕП. На квалификацискиот турнир кој се игра во Арената „Борис Трајковски“, Турците без многу мака го совладаа аутсајдерот БиХ со 25:15,25:17,25:18 и во утрешниот дуел со Македонија ќе играат за првото место.
Селекцијата на БиХ вчера загуби од Македонија со 3:1, но денеска не успеа да освои сет против квалитетната репрезентација на Турција која доминираше и во блокот и во нападот.
Утрешниот натпревар (18 часот) помеѓу Македонија и Турција ќе го даде победникот на првиот квлаификациски турнир по што веднаш ќе стартува и вториот турнир. Пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација по двата турнири додека место на ЕП ќе имаат и петте најдобро второпласирани репрезентации од седумте групи.