Турците во проблем, им се закануваат ригорозни санкции од УЕФА

twitter.com/SalibaJes

Сè е поголем бројот на оние кои сакаат, од безбедносни причини, сакаат да го променат домаќинот на финалето за оваа сезона во фудбалската Лига на шампионите во моментот кога турската војска врши операции против Курдите на северот од Сирија.

Освен тоа, Турците се соочуваат и со казна од УЕФА поради поздравот за загинатите војници во Сирија после одиграниот натпревар во Париз против Франција (1:1) во квалификациите за ЕП 2020.

За Европската фудбалска куќа ова е скандалозно мешање на политика и спорт, а ваквото салутирање се случи и минатиот петок во победата над Албанија. Освен фудбалерите, и навивачите на Турција поздравуваа со војничкото салутирање.

Дефинитивно Турција ризикува да добие казна или суспензија, да им одземе евентуално сигурното место на ЕП 2020 година или пак да му одземе правото на Истанбул на „Ататурк Олимпискиот стадион“ да го организира финалето на ЛШ за оваа сезона.

– Ќе се држиме до автономијата и независност во спортот, но сигурно не можеме да ги замениме Обединетите нации, Европската унија, државите, дипломатите, амбасадорите и останатите полициски институции. После тоа, одлуката ќе биде донесена во соработка со Извршниот одбор и претседателот на УЕФА – рече Ува за „Тутомеркато“.

УЕФА веќе ги одреди домаќините на финалните мечеви во ЛШ за наредните три сезони. Во 2021 година ќе се организира во Санкт Петербург, во 2022 е Минхен, а во 2023 година Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот