Турците во Македонија очекуваат реален попис без притисоци

Турската заедница очекува попис без притисоци и манипулации, но и резултати кои ќе го утврдат нејзиното постоење во Македонија и што ќе придонесат да биде позастапена во државните институции, како и турскиот јазик да се користи како службен на локално ниво заедно со другите јазици. Во заклучоците по вчера одржаната работилница за Пописот 2021, турската заедница наведува и дека оваа статистичка операција има големо значење за спроведување на Охридскиот рамковен договор, односно дека ќе придонесе за правична застапеност.

Турската заедница очекува пописот да се спроведе без политички влијанија, на слободен, правилен и транспарентен начин. На работилницата се формира Национално координативно тело за пописот на турската заедница во РСМ, кој будно ќе го следи пописниот процес.

Пописот претставува тапија на турската заедница во земјава, а резултатите директно ќе влијаат врз нашата иднина тука. Нашето мнозинство ќе ги спречи плановите за асимилација и политиките за негирање врз нашата заедница, пописните резултати ќе придонесат за заштита на нашето историско и културно наследство и за развој на културниот туризам, но ќе придонесат и за поставување на националното знаме на локално ниво во повеќе општини. Пописните резултати ќе предизвикаат голема мотивација и придонес за Турците во Балканот, за нашата матична земја Република Турција и за Турците секаде низ светот. Пописните резултати и нашето постоење во оваа земја ќе ги подобри долгогодишните пријателски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција и ќе ги издигне на повисоко ниво – стои во заклучлоците.

Под нив се потпишани Хусрев Емин, претседател на Сојузот на турските невладини организации вo Македонија (МАТУСИТЕБ), Бејџан Илјас, претседател на Демократска Партија на Турците (ТДП), Енес Ибрахим, претседател на Движењето на Турците (ТХП), Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ), Аднан Ќахил, поранешен министер, Хафза Реџеп Какел, поранешен член на комисијата за попис, Фуркан Чако, поранешен министер, Фадил Хоџа, ректор на Меѓународниот универзитет Визион, Муртеза Сулооџа, директор на весникот Јени Балкан, Сејјид Емин, главен уредник на ТајмБалкан, Тахсин Ибрахим, поранешен претседател на МАТУСИТЕБ, Сулејман Баки, поранешен претседател на МАТУСИТЕБ, Исмаил Јахоски, пратеник во Собранието на РСМ, Фуркан Пурде од Вардар Прес, Онур Лоч, претседател на ТГК и Илкер Јусуф од Балкан ФМ Радио.

ТХП не се согласува единствено со 13. заклучок од финалниот документ кој вели дека застапеноста на турската заедница во земјава е седум проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот