Турците подготвуваат „пекол” за црвено-жолтите

Македонската ракометна селекција в среда ќе гостува во Ескишехир, Трција во претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2020. Ова е важен меч за Македонија затоа што нашиот тим рефлектира на првото место во групата што би му донело подобра позиција во ждрепката за групите на ЕП. Но и Турција има своја математика, па иако е аутсајдер во мечот со Македонија, ќе настојува со сите сили да победи за евентуално да обезбеди прво историско учество на едно ракометно ЕП.

Капитенот на турската репрезентација Алп Ерен Пекташ ги повика навивачите во Ескишехир да ја исполнат салата (капацитет 3.000) и со навивање да му помогнат на својот тим да ја победи Македонија.

– Во првиот меч во Македонија, тамошните навивачи направија голем притисок врз нас. Ги молам граѓаните на Ескишехир да не поддржат. Публиката во овој град знае што е ракомет. Ни требаат навивачите од овој град за да победиме. Ако се пласираме на ЕП тоа ќе отвори голема врата за турскиот ракомет – апелира капитенот на Турција, а многу веројатно е дека неговите апели ќе бидат почитувани, па Македонија ја очекува и голем притисок од трибините, покрај наострената турска репрезентација. Селекторот на Турција Илкер Шентурк веќе некое време ги подготвува своите ракометари, во два фази, кондициска и техничко-тактичка. Македонскиот тим со подготовки стартува денеска. Турција по мечот со Македонија игра на гости со Исланд во последното коло.

На Македонија и се потребни две победи, против Турција в среда (12 јуни) на гости и против Грција на 16 јуни во Струмица, за да биде прва во групата. Во моментов Македонија е втора во групата 3 со ист број бодови како и првопласираниот Исланд (5), но со полоша гол разлика. Турција е трета (4 бода), а Грција последна четврта со три бода.

– Во добра позиција сме во моментов и се надевам дека ќе завршиме успешно. Турција и Грција можеби не се тимови од прва класа, но мораме да бидеме сериозни во мечевите со нив – предупредува капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров. Макдонија ја совлада Турција во Битола (31-27) и зачудувачки изгуби од Грција на гости (26-28).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот