Турците подготвени за големото истанбулско дерби! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Во текот на денешниот ден Стадионот „Турк Телеком“ е целосно дезинфициран за да се намали можноста од зараза на коронавирус.

В недела (15 март) од 17.00 часот во рамките од 26. коло во најсилната турска фудбалска лига ќе се игра дербито на Стадионот „Турк Телеком“ во Истанбул помеѓу екипите на Галатасарај и Бешикташ.

Поради епидемијата на коронавирусот многу фудбалски и спортски натпреварувања се одложени, но затоа засега барем нема прекин во турскиот шампионат иако и таму се играат мечеви без публика.

Токму оваа фудбалска пресметка во Истанбул овој викенд привлекува и најголемо внимание, Галатасарај е во трката за шампионската титула, моментно е на третата позиција со 49 бодови, три помалку зад водечките Трабзонспор и Башакшехир, додека Бешикташ е на шестото место со 43 бодови.

Навивачи знаеле во минатото на ова дерби да направат вжештена атмосфера на трибините, но сега ќе ги нема, но затоа организаторите ги преземаат сите мерки играчите и стручниот штаб на двете екипи да бидат максимално заштитени.

Во текот на денешниот ден Стадионот „Турк Телеком“ е целосно дезинфициран за да се намали можноста од зараза на коронавирус.

Подолг период Турција беше без нитуеден потврден случај на коронавирус. Ова се промени во последните денови, и моментно пет случаи на оваа зараза се пријавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот