Турците го селат Елмас во Атлетико

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се наоѓа пред преселба во Атлетико мадрид, пишуваат турските медиуми. Атлетико Мадрид во веќе воспоставил контакт со клубот на Елмас, Фенербахче и доставил официјална понуда. Сепак, понудата од 14 милиони евра за Елмас е одбиена, но тренерот Диего Симеоне не се откажува од ангажман на македонскиот репрезентативец.

Симеоне токму во Елиф Елмас ја гледа идеалната замена за Родри кој ќе го напушти „Ванда метрополитано“ и затоа побара од управата да направат се за да го доведат македонскиот репрезентативец.

Токму медиумите во Турција, пишуваат дека Атлетико Мадрид веќе испратил нова понуда, 14 милиони евра плус Никола Калиниќ за Елиф Елмас.

Освен Атлетико Мадрид, уште два гиганти, Интер и Тотенхем пројавуваат интерес за ангажирање на Елмас но засега немаат пратено официјална понуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот