Турција заврши со Русија, сега од САД сака да купи ракетен систем

Турските власти им предложија на САД и од нив на купат противвоздушни ракетни системи „патриот“, изјави министерот за надворешни работи на оваа земја, Мевлут Чавушоглу. Како што рече, во моментов се чека одговор од Вашингтон за ова прашање, пренесуваат медиумите.

– Турција верува дека САД и понатаму се нејзини сојузници. Никој не може да го поништи договорот кој Турција го има со Русија во однос на ракетниот систем С-400, тоа е завршена приказна. Понудата на Русија беше повеќе од примамлива, поради што ја и ја прифативме. Сега сме подготвени да купиме и американски ПВО (противвоздушни) системи. Чекаме одговор – наведува турскиот министер.

Чавушоглу се закани дека и Турција, во случај САД да ѝ воведе санкции поради купувањето на руските С-400, ќе биде приморана да одговори на нив.

За потсетување, Вашингтон бараше од Анкара да отстапи од договорот со Русија и во замена за тоа да го набави американскиот систем „патриот“.

Американците, исто така, се заканија дека ќе ја одложат или потполно ќе ја прекинат продажбата на нивните авиони-ловци Ф-35 на Турција, како и дека ќе им воведат санкции.

Анкара одби да направи отстапки по барањата на Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот