Турција затвора 30 големи градови поради коронавирусот

Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави на Твитер во своето обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се забранува влез и излез во 30 големи градови на Турција. Се забранува и излегување на улиците за лица под 20-годишна возраст и сите треба да носат заштитни маски на јавните места, истакна Ердоган.

Претходно турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека бројот на заразени лица во земјата за едно деноноќие се зголемил од 18.135 на 20.921, а бројот на смртни случаи достигнал вкупно 425 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот