Турција започна со пренесување на бегалци во „безбедната зона“ во Сирија

Турција објави дека повеќе стотици раселени Сиријци првпат се вратиле во „безбедната зона“, во подрачјето на североистокот на Сирија од кое Анкара ја протера курдската милиција која ја има поддршката од западните земји.

– Околу 200 луѓе, кои побегнаа западно во Сирија во подрачјето под турска контрола, се вратија во своите домови, доброволно и безбедно – наведе турското министерство за одбрана преку соопштение.

Овие луѓе отпатувале во подрачјето меѓу сириските градови Тал Абјад и Рас ал-Аин, од каде Анкара минатиот месец ја протера курдската милиција. Станува збор за подрачје долго околу 140 километри и 30 километри широко, локација која Турција ја нарекува „безбедна зона“.

Турското министерство за одбрана додаде дека околу 300 дополнителни луѓе кои пребегале во местото Јарабулус започнале да се движат кон Тал Абјад.

Турција за запре својата офанзива која ја започна во октомври против Курдите, откако случи два договори со САД и Русија кои го предвидуваат повлекување на курдската милиција од поголемиот дел на пограничните подрачја.

Анкара сака оваа „тампон-зона“ да ја одвои нејзината граница од териотијата која ја контролираат Курдите. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека во таа зона сака да врати повеќе од 3,5 милиони Сиријци кои пребегале во Турција од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот