Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

До 30 септември, увозот на тие производи ќе има дополнителни царински давачки, со стапка до 30 отсто, а потоа и до 25 проценти.

Турција воведе дополнителни  царински тарифи  до 30 проценти за увоз на повеќе од 800 производи, вклучително и  земјоделска машинерија.

Минатата недела, Анкара објави дополнителни царински тарифи за увоз на десетици производи, вклучувајќи машини за миење садови, замрзнувачи, накит, музички инструменти и санитарни производи.

До 30 септември, увозот на тие производи ќе има дополнителни царински давачки, со стапка до 30 отсто, а потоа и до 25 проценти.

Турција денеска најави дополнителни царински тарифи во висина до 30 отсто на увоз на некои градежни алати, некои челични и железни производи, резервни делови што се користат во автомобилскиот сектор, телевизори и широк спектар на други производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот