23.8 C
Скопје

Турција води свои битки: Партијата на Ердоган сака да ја заостри контролата над социјалните мрежи

Турските власти ги надгледуваат Твитер и Фејсбук и има голем број судски процеси поради „навредување на шефот на државата“ или „терористичка пропаганда“ врз основа на еден или неколку твитови.

Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе до парламентот предлог на закон, кој предвидува засилена контрола на социјалните мрежи, а текстот предизвикува загриженост, по прашањето на слобода на изразување.

Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, ќе мора да имаат претставник во Турција, инаку ќе биде намален нивниот опсег, се наведува во текстот во кој имаше увид Франс прес.

Социјалните мрежи исто така мора во рок од 24 часа да се ускладат со налозите на турските судови за отстранување на одредена содржина, а во случај на непочитување на судските налози, предвидени се тешки казни.

Предлот законот е насочен на социјалните мрежи со повеќе од милион единствени врски дневно. Тие ќе мора да ги чуваат податоците за турските корисници на сервери во Турција.

Законот има за цел да „го прекине навредувањето и вознемирувањето“ преку интернет, изјави на конференцијата за новинари Озлем Зенгин, член на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.

Турскиот претседател на почетокот на јули повика на „воведување на ред“ на социјалните мрежи откао неговата ќерка и зет беа навредувани на Твитер.

Изјавите на Ердоган предизвикаа загриженост на бројните корисници на интернет низ хаштагот „Не ја допирај мојата социјална мрежа“.

Турските власти ги надгледуваат Твитер и Фејсбук и има голем број судски процеси поради „навредување на шефот на државата“ или „терористичка пропаганда“ врз основа на еден или неколку твитови.

Невладините организации се загрижени поради ерозијата на слободата на изразување во Турција, а засилената контрола врз социјалните медиуми исто така на Турците може да им го ограничи пристапот до независните или критички информации, во опкружувањето во кое доминираат провладините медиуми.

Според последниот „извештај за транспарентност“ на Твитер, Турција во првата половина од 2019 година е на чело на земјите кои бараа отстранување на содржини од тие мрежи со повеќе од 6.000 барања.

 

Поврзани вести

Разни соеви на ковид-19 галопирачки се шират во Африка

Слободен печат

Македонците ќе можат слободно да патуваат во Германија: Границите ќе бидат отворени за вакцинираните лица

Слободен печат

Маричиќ: Хрватска ја подджува земјава во стартот на преговорите за членство во ЕУ

Слободен Печат

Навални го исмеа Путин поради наводите за негово бегство од Русија додека бил во кома

Слободен печат

ЕМА: Регистрирани се 415 можни случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето

Слободен печат

Ужас во Италија: Мајка ја молела ќерката да се врати дома, а потоа роднините ја убиле

Слободен печат

Остави Коментар