Турција во новата туристичка сезона со инклузивни хотели со анимации и работилници за деца

Бидејќи летото се ближи, семејствата започнуваат да планираат за своите одмори. Со безбедни туристички мерки, Турција нуди разни опции за одмор особенo за семејствата со деца.

Турција има богата разновидност на опции за семејствата со деца. Инклузивните хотели кои нудат анимација, работилници за деца, детски базени и водени тобогани се наоѓаат во Кушадаси, Мармарис, Фетије и посебно во Анталија.

Овие хотели познати како „пријателски за деца“ или „погодни за деца“ нудат многу пријатни активности за семејстватаи децата, како што се работилници и спортски активности организирани од инструктори давајќи имможност на сите членови на семејството да уживаат во многу различни активности истовремено, давајќи им приоритет на задоволството на посетителите и обрнувајќи значително внимание на фидбекот од семејствата.

Во овие хотели објектите редовно се контролираат, а хотелите прават се со цел зголемување на безбедноста на децата. За семејства кои сакаат да го поминат своето време во поприродна и послободна средина, постојат бутик хотели кои нудат еколошки одмори и кои ги преземаат сите потребни мерки за безбеден туризам. Хотелите на плажите во Карабурун, Бодрум, Фетије, Датча, Селимије, Бозбурун и Кекова ги пречекуваат своите посетители со маслинови градини и мирните води на Егејското и Средоземното Море.

Некои од овие хотели им нудат на децата можност да ги хранат животните на фармите, како што се кокошки, патки и гуски, и да собираат свежо овошје и зеленчук од органски градини. Турција исто така им нуди на гостите бројни хотели каде семејствата можат да одат на пешачење, кајакарство или заедно да уживаат во природата.

Како дел од континуираните напори во борбата против ковид-19и понатамошно зајакнување на позицијата на Турција како една од најбезбедните дестинации во светот,Турција продолжува да инвестира во „Програмата За Сертификација На Безбеден Туризам“ која е еден од првите и најуспешните примери во светот во ова поле.

Земјата го прошириопсегот на практиката и сертификатот го направи задолжителен за сместувачки капацитети со 30 или повеќе соби. Досега беа сертифицирани повеќе од 9.000 објекти. Покрај тоа, Турција започна и со вакцинирање на сите туристички работницишто ќе заврши пред почетокот на летната сезона во 2021 година. Турција ги презема сите меркиза да се осигура дека останува здрава и безбедна туристичка дестинација во 2021 година и дека ееден од врвните избори како безбедна опција за патување за туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот