Турција веќе не го слуша НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека постојат држави кои имаат нуклеарни ракети, додека Турција, како што рече , не смее да поседува таков тип на проектили.

– Некои држави имаат проектили со нуклерани боеви глави, и тоа само еден или два проектили. Но, ние како Турција не смееме да имаме ниту една, што за мене е неприфатливо, изјави Ердоган.

Изјавата на Ердоган е практично упатена кон Израел, држава за која тој вели дека поседува проектили, со кои ги плаши и уценува останатите држави во регионот.

Ова е прв пат Ердоган да го посочи Израел како држава која , како што самиот оцени, е недопирлива и на која се и е дозволено. Оваа изјава Турскиот претседател ја даде за време на собирот на неговата владеачка партија, што се толкува како обид да ја подобри својата позиција пред гласачите за претстојните избори.

Аналитичарите пак се повикуваат на неговата неодамнешна изјава во која Ердоган предупреди дека при евентуален регионален судир меѓу Иран и Саудијска Арабија, Турција нема да биде пасивен набљудувач.

Особено што тензиите меѓу овие два нафтени , верски и регионални ривали, се се поголеми, и имаат своја нуклеарна програма која од цивилна брзо може да се пренамени за воени цели.

Турција изминатиот период , со помош на Русија, почна да развива своја нуклерана програма.

Сепак, како потписничка на меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје, сегашната програма која Турција ја равива се однесува само за енрегетски цели.

Воените аналитичари сметаат дека Турција под лидерство на Ердоган се обидува да направи геостратешки напредок во регионот на Блискиот исток, обидувајки се пред меќународната заедница да ја протурка идејата Турција да стане нуклеарна сила.

Настојувањата на Анкара се проблематични ако се земе во предвид дека Турција е земја членка на НАТО, па оттаму и правилата и стандардите кои владеат во НАТО алијансата.

Турција е клучен сојузник во НАТО и го штити јужното крило на алијансата и Европа од руската експанзија

Од друга страна Турција со приближувањето кон Русија и купувањето на оружје спротивно на НАТО начелата, стана непослушен сојузник, кој од ден на ден се оддалечува од Европа и Нато и се приближува кон Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот