Турција уапси припадничка на ДAЕШ која Франција ја бара со црвена потерница (ВИДЕО)

Фото: aa.com.tr

Во турската област Адана е уапсена припадничка на терористичката организација ДАEШ против која Франција распиша црвена потерница, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според добиените информации, екипите од полициската дирекција во Анкара открија дека во градот е дојдена 30-годишната припадничка на терористичката организација ДАEШ, Сумаја Раиши, која се бара со црвена потерница од француските власти.

Полициските екипи во населбата Намик Кемал во подрачјето на Сејхан ја приведоа припадничката на оваа терористичка организација со потекло од Тунис, а со фалсификувани сириски лични документи.

Раиши, која француските власти ја опишаа како опасна, е пренесена во полициската дирекција.

(Извор: Anadolu Agency)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот