Турција стави во карантин 132 патници и членови на екипажот на авион од Иран

Денешниот лет од Техеран бил наменет за враќање на Турците од Иран, наведе Министерството за здравство.

Турските власти денеска во карантин ставија 132 патника и членови на екипажот на авионот на „Туркиш Ерлајнс” од Иран заради сомнение дека некој од нив е можно да е носител на новиот коронавирус.

Турското Министерство за здравство соопшти дека на сите лица од авионот им е одреден карантин од 14 дена, во за тоа специјално подготвена болница во Анкара.

Агенцијата Анадолија наведува дека за 17 патници од летот има сомненија за присуство на коронавирус, пред се, заради нивната зголемена температура. Авионот слетал во Анкара на пладне, а првите примероци за тестирање на патниците им биле земени уште во авионот.

Турција во неделата го најави првото привремено затворање на својата копнена граница кон Иран, каде во последните денови постојано расте бројот на заболени од Ковид-19.

Денешниот лет од Техеран бил наменет за враќање на Турците од Иран, наведе Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот турските власти презедоа драконски мерки во обид да се избегне заразата, од откажување летови до поставување термовизиски камери во Истанбул.

Министерството за здравство денеска нагласи дека досега во земјата не е потврден ниту еден случај на заразен со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот