Турција: Соопштението на медитеранските земји членки на ЕУ е пристрасно

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Турција денеска го отфрли соопштението на медитеранските држави од Европската унија (ЕУ) за спорот во Средоземното Море, велејќи дека коментарите се пристрасни и немаат врска со реалноста, но и дека Анкара останува отворена за разговори без предуслови со Грција.

Во вчерашното заедничко соопштение на седум медитерански држави од ЕУ се наведува дека европскиот блок ќе состави листа со нови санкции против Турција кон крајот на септември, освен ако Анкара не преговара со Грција и со Кипар за решавање на спорот.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој истакна дека Грција треба безусловно да седне на преговарачката маса, ако сака да  постигне дијалог и соработка во регионот.

Тој додаде дека Атина треба да ги повлече своите воени бродови од околината на турскиот истражувачки брод Оруч Реис со цел да ги деескалира тензиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот