Турција си обезбеди настап на Евро 2020

Репрезентацијата на Труција на Турк Телеком арената во Истанбул одигра 0:0 против Исланд и си го визира пласманот на ЕП. Во пресрет на последното коло од групата Х, Турција е лидер со 20 бодови, еден повеќе од Франција која има натпревар помалку, но што е поважно четири повеќе од Исланд со што и теоретски обезбедија една од првите две позиции.

Натпреварот на Турк Телеком арената не донесе многу возбудувања посебно во првото полувреме кога единствената шанса не ја реализира Бурак Јилмаз.
Во второто полувреме, Исланд заигра поофанизвно но не можеше да го пробие турскиот бедем, а за одбележување е шутот на Магнусон кој дефанзивецот на Турција, Демирал го запре на самата гол линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот