Турција се подготвува да продолжи да купува руско оружје, и покрај предупредувањата на САД

Додека САД го интензивираат притисокот врз Анкара да се откаже од купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар овој месец ги отфрли американските приговори.

Турција се заканува дека ќе продолжи да купува оружје од Русија, и покрај предупредувањата на Вашингтон, пишува Гласот на Америка.

Додека САД го интензивираат притисокот врз Анкара да се откаже од купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар овој месец ги отфрли американските приговори.

– Тоа не е офанзивен систем. Не претставува ризик, закана или опасност за другите, рече Акар, додавајќи дека системот не претставува закана за никого, на кој било начин, таму каде што е распореден.

Вашингтон наведува дека најмодерните радари на ракетите С-400 претставуваат закана за одбранбените системи на НАТО и повика на нивно отстранување.

Сепак, Анкара соопшти дека размислува да купи нова количина руски ракети.

Извор близок до Владата во Анкара рекол дека Турција веќе постигнала договор со Москва, информира Гласот на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот