Турција сака два милиони бегалци да ги врати во северна Сирија     

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје, за да може Анкара да врати околу два милиони бегалци.

Калин додаде дека Ердоган за тоа ќе разговара во вторник со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.

Сириските сили навлегоа во одредени делови во близина со границата со Турција, во согласност со курдските сили, врз кои Анкара покрена офанзива. Тоа ги наруши плановите на Турција за создавање на „безбедна зона” јужно од својата граница со Сирија, каде би можела да ги испрати сириските бегалци кои сега живеат во Турција. Таа територија претходно ја напуштија американските војници.

Калин посочи дека бегалците не сакаат да се вратат во делови на Сирија, што се „под контрола на режимот”.

– Ова е една од темите за кои ќе дискутираме со Русите, бидејќи ние нема да ги присилуваме бегалците да одат таму каде не сакаат. Сакаме да им создадеме поволни услови за враќање, услови во кои ќе се чувствуваат безбедно, истакна Калин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот