Турција произведе ново ласерско оружје слично на оние од „Стар Варс“

НТВ

Инжињерите на Турската институција за научни и технички истражувања развија ново ласерско оружје слично на оружјата од филмот „Стар Варс“. Оружјето е произведено за 3 месеци од страна на 50 инжињери и претставено е како прототип модел на Меѓународниот саем за безбедност, пренесува „НТВ“.

Менаџерот на проектот за производство на ласерското оружје, Ајдин Јениај, рече дека оружјето е произведено на начин на којшто може да се полни за 30 минути.

„Нашето ласерско оружје може да пробие челик од 1 милиметар од далечина околу 100-150 метри. Работи само со ласерска моќ и не влијае врз другите карактеристики на оружјето на кое се склопува.“ истакна Јениај.

Тој исо така нагласи дека ова е првото преносливо ласерско оружје во светот, и дека набрзо ќе биде можат да ја употребат и Турските безбедносни сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот