Турција предала 18 сириски војници, нема детали на кого

Фото: Профимедиа

Турција предала 18 мажи за кои се верува дека се сириски војници, а кои на почетокот на неделата биле заробени на североистокот од Сирија, во непосредна близина на границата со Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, не прецизирајќи на кого му ги предале.

Министерството само наведе дека акцијата била спроведена во координација со властите на Руската Федерација, пренесоа британските медиуми.

Овој потег на турските власти се прави во пресрет на почетокот на работата на заедничките руско-турски патроли долж турско-сириската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот