Турција: Поранешна пратеничка осудена на 22 години затвор за тероризам

Фото: МИА

Турски суд денеска ја осуди поранешната прокурдска пратеничка Лејла Гувен, на која претходно оваа година и беше одземен пратенички имунитет, на повеќе од 22 години затвор за три одделни обвиненија за тероризам, се наведува во судските документи во кои имал увид Ројтерс, пренесува Танјуг.

Гувен од Народната демократска партија (НДМ), заедно со уште двајца пратеници од опозицијата, го загуби статусот во јуни по правосилната пресуда во посебна судска пресуда дека таа е член на терористичка организација.

Западните сојузници и групите за човекови права во Анкара го осудија потегот, сметан за дел од пошироката владина акција против илјадници функционери и членови на НДМ.

Со денешната пресуда, Гувен е осудена на 14 години и три месеци затвор под обвинение за членство во терористичка организација и дополнителни осум години по две одделни обвиненија за ширење терористичка пропаганда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот