Турција почна копнена операција во Сирија

Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана. Со тоа е покрената копнена офанзива против курдските борци на милицијата.

Претходно, турските воени авиони и артилерија пукаа врз позиции на курдските борци во прекугранична воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набудувачи во курдските области велат дека најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот