Турција почна голема антитерористичка операција против ПКК во источниот дел од земјата

Турција почна голема операција за борба со тероризмот во источниот дел на земјата, во обид да ги елиминира терористите од Курдската работничка партија (ПКК) и да ги спречи потенцијалните напади во текот на претстојната зима, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, цитирано од провладиниот весник „Јени Шафак”.

Околу 2.250 припадници на силите за безбедност: командоси, жандармерија и специјални полициски сили, учествуваат во операцијата „Киран -7″ во долината Мунзур, што се наоѓа во провинцијата Тунџели.

Забележувајќи дека е видливо намалувањето на членството и учеството во активностите на ПКК, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека ПКК е толку очајна што нејзините терористи дури стравуваат меѓусебно да комуницираат. Тој кажа дека групата во 2019 година успеала кон себе да привлече само 108 нови членови, додека оваа бројка своевремето изнесувала 5.500 нови членови годишно.

Тој, исто така, додаде дека годинава  221 терорист на ПКК им  се предал на турските сили.

Локалните власти во Тунџели соопштија дека операцијата, која има за цел да го искорени присуството на терористичката група во земјата, продолжува со „успех и со решителност”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот