Турција почна да користи крвна плазма за лекување на заразените со коронавирусот

Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Универзитетот во Источна Турција започна со користење на крвна плазма за пасивно да ги имунизира пациентите заразени со новиот коронавирус, јави агенцијата Анадолија.

Третманот се изведува со земање плазма од пациент кој се опоравува од Ковид-19, и кој веќе е негативен за коронавирус, објасни ректорот на универзитетот Иниону Ахмет Кизлај, во округот Малатија.

– По првпат во Турција, Медицинскиот центар „Тургут Озал” при Универзитетот зеде плазма од излечен пациент со Ковид-19, користејќи метод наречен плазмафереза ​​и го примени на друг пациент, кој е во многу сериозна состојба во одделот за интензивна нега, рече тој.

Целта, објасни Кизлај, пациентот во одделот за интензивна нега да прима антитела од опоравениот пациент. Овој метод претходно се користеше за лекување на САРС (тежок акутен респираторен синдром, исто така предизвикан од коронавирус) и ебола.

Лекарот ги повика пациентите третирани со коронавирус да го поддржат овој метод и да донираат плазма, објаснувајќи дека не претставува ризик за веќе излекуваните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот