Турција нова шанса за европско сефте

cev.eu/

Македонската одбојкарска репрезентација по вчерашниот освоен прв сет (1:3 против Финска) на дебитантскиот настап на Европските првенства, денеска ќе се обиде да дојде до нови три сета кои значат победа. Противник на одбојкарите е селекцијата на Турција, а натпреварот повторно ќе се игра од 17.30 часот.
денешниот противник не е непознаница за одбојкарите. Но, овој пат се надеваме дека токму против Турција, која веќе е совладана во минатото, ќе се впише првата победа на Европските првенство за македонската одбојкарска репрезентација. Досега Македонија и Турција имаат одиграно два пати, во Европската лига и во двата наврати славеа „спартанците“, првиот натпревар со 3:0, а во вториот дуел со 3:1.

– Уште пред стартот на ЕП, најавувавме дека Турција е поквалитетна и од Финска па и многу подобра од нас. Според она што го видовме, Турците делуваат моќно. Ние треба да дадеме се од себе и да се надеваме на лош ден на Турците – вели Филип Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот