Турција нема да добие воена поддршка од НАТО во Идлиб

Фото: EPA-EFE/TURKISH DEFENSE MINISTRY

НАТО нема да и даде на Анкара воена поддршка во случај на операција на Турција во северна Сирија, изјави дипломатски извор во Брисел.

Државите од Алијансата не поддржуваат активирање на Членот 5 заради убиството на турски војници во Идлиб во почетокто на февруари, нагласил изворот.

Тој додал дека НАТО не разгледува можност за воена помош на Турција во случај на операции во тој регион. Смртта на турските војници во Идлиб се случува во рамки на еднострана воена операција на странска територија и тоа е вон ингеренциите на Членот 5. Тоа го разбира и турската страна и затоа таа држава не иницира консултации во НАТО за таа тема, појаснил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот