Турција наесен почнува со производство на „Спутник В“

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Турција ќе почне со производство на руската вакцина „Спутник В“ наесен, најави турскиот професор д-р Исмаил Балак, во изјава за весникот Туркгун. Балак посочи дека целото производство на рускиот препарат против ковид-19 ќе се врши во Турција.

– Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји, рече тој, додавајќи дека постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални.

– Поради оваа причина, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови, додаде тој. Балак истакна дека кога биле аплицирани две дози од „Спутник В“, лицата биле заштитени 97,6 проценти од ковид-19.

Договорите за набавка и заедничко производство на „Спутник В“ беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија Вискоран ќе ја произведува руската вакцина „Спутник В“ во своите погони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот