„Турција ќе употреби сила против насилното кршење на примирјето во Идлиб“

Фото: МИА

Турција ќе употреби сила против насилното кршење на примирјето во сирискиот град Идлиб, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Тој исто така рече дека Турција распореди дополнителни сили на своите позиции во Идлиб за да обезбеди примирје и контрола над регионот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека турската војска ќе ги нападне сириските владини сили од воздух или од земја насекаде во Сирија, доколку биде повреден уште еден турски војник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот