Турција ја повика ЕУ да биде чесен посредник во споровите на Анкара со членките на Унијата

epa08530813 A handout photo made available by Turkish Foreign Ministry Press Office shows High representative of European Union Josep Borrell (L) greets with an elbow bump Turkish Minister of Foreign Affairs Mevlut Cavusoglu (R) in Ankara, Turkey, 06 July 2020. Borrell is visiting Turkey amid increasing tensions between the two sides most recently over the conflict in Libya. EPA-EFE/FATIH AKTAS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Париз и Анкара ги поддржуваат спротивставените страни во либиската граѓанска војна.

Турција денеска ја повика Европската унија да биде „чесен посредник” во споровите меѓу Анкара и членките на Унијата – Франција, Грција и Кипар.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, предупреди дека Анкара ќе биде принудена да примени реципрочни мерки како одговор на евентуалните одлуки на ЕУ против Турција.

-Ние сакаме да работиме со ЕУ. Ако ЕУ донесе дополнителни одлуки против Турција ние ќе бидеме присилени да реагираме реципрочно. Ситуацијата ќе стане уште понапната и нема да има корист за никого, рече Чавушоглу.

На заедничката прес-конференција со европскиот министер за надворешни работи Јосеп Борел во Анкара, Чавушоглу повторно ја повика Франција да и се извини на Турција за описот на спорот меѓу бродовите на двете земји во Средоземното Море, заради што Париз го суспендира своето учеството во поморската операција на НАТО.

Франција минатата недела привремено го прекина учеството во поморската операција на НАТО, откако Париз ја обвини Турција за кршење на ембаргото за оружје на ОН кон Либија.

Париз и Анкара ги поддржуваат спротивставените страни во либиската граѓанска војна.

-Нашето очекување е дека ЕУ нема да биде страна на проблемот, туку ќе биде дел од решението. Ако пристапи кон прашањата како чесен посредник, наместо да биде во солидарност со членките на ЕУ, тогаш тоа ќе придонесе за решението, рече турскиот министер за надворешни работи.

Борел дојде во Турција во време на големи тензии меѓу Брисел и Анкара поради бројни прашања, вклучувајќи го и спорот на Турција со Франција, но и со Грција и Кипар за правото на барање нафта и гас во источниот Медитеран.

Шефот на европската дипломатија пристигна во Анкара пред состанокот на ЕУ на кој заедницата од 27 земји може да донесе мерки против Турција.

Борел рече дека Турција е важен партнер за ЕУ, иако односите „во моментов не се најдобри” и повика на поголема соработка и дијалог со цел надминување на тензиите.

-Во моментов ситуацијата е далеку од идеална. Имаме заеднички интерес да излеземе од оваа ситуација и да тргнеме на нов позитивен пат, рече Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот