Турција ја добила втората батерија за рускиот одбранбен систем – Американците НЕМА да бидат среќни

фото: Профимедиа

Турското министерство за одбрана објавило дека во недела му била испорачана другата батерија од рускиот проектилен одбранбен систем С-400, додавајќи дека ќе биде во функција во април 2020 година.

САД и Турција се во конфликт заради одлуката на Турција да ги купи системите, кои според тврдењата на Вашингтон, не се компатибилни со НАТО и претставуваат закана за „невидливите“ ловци Ф-35 Локхид Мартин.

Првите делови од системот се испорачани во Анкара во јули и покрај заканата од американски санкции. САД заради тоа ја исфрлил Турција од програмата Ф-35, но Анкара засега ги отфрла американските предупредувања.

Министерството за одбрана соопштило во недела дека испораката на другата батерија од системот С-4000 е готова.

Турција планира да ги стави во функција во април 2020.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу рекол во интервју за Си-Ен-Ен Турк во сабота дека системите ќе бидат активни во сабота и покрај постојаните американски предупредувања.

Тој истакнал и дека Турција е отворена за купување на американските системи Патриот.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган рекол во петокот за Ројтерс, дека за купување на Патриот ќе разговара со американскиот претседател, Доналд Трамп овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот