Турција изрази целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ

Фото: Миа.мк

Турција изразува целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, изјави новиот турски амбасадор во БиХ Садик Бабур Гиргин на денешната средба со членот на Претседателството Жељко Комшиќ.

Како што јави Анадолија, Гиргин потенцирал дека официјална Анкара води дијаметрално спротивна политика кон БиХ од оние земји кои создаваат несигурност и го доведуваат во прашање нејзиното опстојување.

Комшиќ му се заблагодарил на амбасадорот Гиргин за интересот на Република Турција за поголема економска соработка меѓу двете земји, инвестициите во БиХ, како и за улогата што ја игра во унапредувањето на стабилноста и соработката во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот