Турција и Грција си разменија сочувство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во петокот разменија сочувство за загубите на животите предизвикани од силниот земјотрес што ги погоди нивните земји.

„Само што го повикав претседателот @RTErdogan да изразам сочувство за трагичната загуба на животите од земјотресот што ги погоди обете земји“, напиша Мицотакис на Твитер.

„Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашиот народ треба да застане заедно“, додаде Мицотакис.

И Ердоган изрази подготвеност за помош доколку Грција доколку има потреба.

Турскиот претседател одговори и на објавата на Мицотакис.

„Ви благодарам, господине премиер. Искажувам сочувство на цела Грција во име на мене и на турскиот народ. И Турција е секогаш подготвена да и помогне на Грција да ги залечи раните. Дека двајца соседи се солидаризираат во тешки времиња е повредно од многу работи во животот“, напиша Ердоган на Твитер.

Најмалку 12 лица загинаа, a бројката на повредени во Измир се искачи на 607.

Бројката на повредени во земјотресот во Измир се искачи на 607, спасувачките служби не застануваат. Мицотакис и Ердоган со пораки за сочувство и поддршка

На грчкиот остров Самос две деца ги загубија своите животи.

 

ВИДЕО: Ужас и во Грција, двајца тинејџери загинаа во земјотресот што го погоди островот Самос – Страшни се и предупредувањата на сеизмолозите

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот