Турција ги враќа припадниците на ИД во нивните матични земји

Турција почна да ги испорачува заробените припадници на Исламска држава во матичните земји, соопшти денеска телевизијата ТРТ Хабер.

Турското Министерство за внатрешни работи минатата недела предупреди дека државата тоа ќе го стори дури и во случај на заробениците да им е одземено државјанството.

Засега не е позанто колку џихадисти се опфатени од репатријацијата.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  во петокот кажа дека во турските затвори се наоѓаат 1.201 заробеник од Исламска држава, како и дека Турција заробила уште 287 екстремисти во Сирија, пренесоа британските медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот