Турција ги убедува ОН дека операцијата во Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна”

Турскиот амбасадор во Обединети нации, Феридун Синирлиоглу во писмо испратено до Советот за безбедност на ОН наведе дека турската операција во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна”.

– Како што беше случај и во претходните антитерористички операции, турскиот одговор ќе биде пропорционален, одмерен и одговорен. Операцијата е насочена само кон терористите и нивните засолништа, воени позиции и магацините за оружје – посочи Синирлиоглу.

Тој потенцира дека се преземени сите мерки за заштита на цивилното население.

Синирлиоглу истакна дека Турција дејствува во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН, што се однесува на индивидуално или колективно право на самоодбрана при вооружен напад.

За ситуацијата во Сирија СБ на ОН денеска ќе разговара зад затворени врати на барање на пет европски држави – Велика Британија, Франција, Полска, Германија и Белгија.

Прочитајте и...  АНКЕТА: Штом не ги почитуваме мерките, нека има полициски час

Турската армија денеска, втор ден, продолжи со нападите во Сирија, при што загинаа 15 цивили, а 20 се повредени.

Прочитај повеќе

За да го избегнат полицискиот час граѓаните „бегаат“ во Маврово, Струга и Охрид (ФОТО)

Слободен печат

Прославите на Бајрам отворија ново коронажариште во Германија: Тие Балканци мислат дека правилата за нив не важат

Слободен печат

„„Виз Ер” ја продолжи суспензијата: До 14 јуни нема да има летови до и од земјава

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Шпанија се предомисли, не ги отвора границите во јуни

Слободен печат

ОЈО загуби професионалец и голем пријател, почина поранешниот обвинител Славчо Станков

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Столтенберг: НАТО продолжува да ја поддржува меѓународната борба против тероризмот

Слободен печат

АНКЕТА: Штом не ги почитуваме мерките, нека има полициски час

Михаило Донев

Изгласана доверба на полската влада

Слободен печат

Граѓаните се иселија за викендот, ќе се вратат в понеделник (ФОТО+ ВИДЕО)

Слободен печат

Гутереш: Вакцината против коронавирус ќе биде светско јавно добро достапно на сите

Слободен печат

Димитриевски: Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина

Слободен печат