Турција ги повика САД да заземат неутрален став за Кипар

Фото: ЕРА

Меморандумот за разбирање, потпишан оваа недела меѓу Соединетите Американски Држави и Кипар ќе им наштети на напорите за решавање на кипарското прашање, наместо да придонесе за мир и стабилност, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

„Меморандумот за разбирање, потпишан на 12 септември 2020 година помеѓу администрацијата на САД и Кипар, кој предвидува формирање Центар за безбедност на копно, поморство и пристаниште, „ја игнорира кипарската турска страна”, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хали Аксој.

Тој рече дека чекорите преземени од САД за укинување на ембаргото за оружје против кипарските Грци и вклучување на грчката страна во својата програма за меѓународно воено образование и обука (ИМЕТ) ја нарушија рамнотежата меѓу двата народа на островот и ги зголемија тензиите во источниот Медитеран.

– Ги повикуваме Соединетите Американски Држави да се вратат на својата традиционална политика на неутралност во однос на островот и да придонесат во напорите за решавање на кипарското прашање, рече Аксој.

На 1 септември, САД до 2021 фискална година ги укинаа ограничувањата за извоз на несмртоносна опрема за одбрана и обезбедување услуги во оваа област наменети за Кипар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот