Турција ги отвори границите со Ирак и Иран за товарен сообраќај

Турција денеска ги отвори своите граници со Иран и Ирак за товарниот сообраќај, откако повеќе од три месеци беа затворени заради опасноста од ширење на коронавирусот, јави ДПА.

„Границите, вклучувајќи ги и главните премини кај Хабур, кон Ирак, и Гурбалак, кон Иран, се повторно отворени”, изјави министерот за трговија Рухсар Печан на Твитер, повикувајќи се на „намаленото влијанија на пандемијата во двете соседни земји”.

Остануваат неопходните здравствени и безбедносни мерки на  граничните премини, додаде Печан.

Иран и Ирак остануваат двата клучни трговски партнери за Турција и покрај релативниот пад на обемот на трговијата со Иран минатата година, наведува германската агенција.

Турција ја затвори границата со Иран на 23 февруари, по драстичното зголемување на случаите со коронавирус. Помалку од една недела подоцна, турската граница со Ирак, исто така, беше затворена.

Турција на 11 март го потврди својот прв случај со коронавирус и оттогаш, земјата сооопшти за 4.609 смртни случаи од  Ковид-19 и речиси 166.500 инфекции, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот