Турција ги обвини НАТО и ЕУ за недостаток на предлози за ставање крај на конфликтот во Нагорно Карабах

НАТО и ЕУ не презентираа конкретни предлози за ставање крај на воениот конфликт во Нагорно Карабах, додека Руската Федерација и Турција успеаја да постигнат примирје во регионот, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател.

Тој информираше за продолжување на преговорите со Русија за формирање и функционирање на центар за набљудување за контрола на примирјето во Нагорно Карабах.

– Првата фаза од дијалогот е завршена, во која учествуваат претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и специјалните служби. Москва е информирана за позицијата на Анкара. За време на дијалогот во наредните денови, ќе бидат утврдени локацијата и принципите на центарот и одговорностите на засегнатите страни. Нашата војска ќе работи во Центарот за набљудување на Карабах, додаде Калин.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 11 ноември рече дека Анкара и Москва потпишале меморандум за центар за контрола на примирјето во Карабах и ќе учествуваат во „заедничката мировна мисија”.

На 10 ноември лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашињан, потпишаа заеднички документ за целосен прекин на непријателствата во Нагорно Карабах. Според тој документ, голем број региони спаѓаат под контрола на Азербејџан, земјите разменуваат затвореници, а руските мировници се распоредени долж линијата на контакт и долж коридорот Лачин што го поврзува Карабах со Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот