Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на убиството на 33 турски војници

Турција одговори со бомбардирање по смртта на најмалку 33 нејзини војници во напади во провинцијата Идлиб, кои Анкара му ги припишува на сирискиот режим.

Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на загинувањето на 33 турски војници во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб, соопшти Кабинетот на турскиот претседател.

„Сите познати позиции на (сирискиот) режим се под оган од нашите копнени и воздушни сили”, рече портпаролот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

Турција одговори со бомбардирање по смртта на најмалку 33 нејзини војници во напади во провинцијата Идлиб, кои Анкара му ги припишува на сирискиот режим.

„Ќе им се одмаздиме за нашите храбри војници”, рече Алтун.

Тој ја повика меѓународната заедница, вклучително и Русија и Иран, сојузници на Дамаск, да „покажат одговорност” и „да запрат злосторства против човештвото извршени од режимот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот