Турција ќе ја поддржи Шведска во НАТО ако добие Ф-16 од САД

Ердоган, Кристерсон и Столтенберг / Фото Твитер

Турскиот Парламент ќе го исполни ветувањето и ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден овозможи продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Говорејќи пред новинарите на враќање од азербејџанската енклава Нахичиван, Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк.

Ердоган изјави дека американската администрација ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификацијата на шведската кандидатура од страна на Анкара.

„Ако тие (САД) ги одржат своите ветувања, нашиот Парламент ќе го одржи ветувањето. Турскиот Парламент ќе го има последниот збор за членството на Шведска во НАТО“, нагласи турскиот претседател.

Тој најави и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да ја посети Турција во октомври или ноември, додавајќи дека после тоа ќе ја возврати посетата, јавуваат турските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот