Турција: Амбасадори на 10 држави не се добредојдени

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган критикуваше амбасадори на 10 држави кои повикаа на ослободување на уапсениот филантроп Осман Кавала нарекувајќи ги нивните барања – неодговорни. Ердоган сугерирал дека амбасадорите на тие држави меѓу кои Франција, Германија и САД не се добредојдени во Турција.

МНР на Турција повика на разговор во вторникот амбасадори на 10 држави поради соопштение во кое се повикува на ослободување на филантропот Кавала. Меѓу нив беа и амбасадорите на САД, Германија и на Франција, јави Анадолја.

Амбасадите повикаа за итно ослободување на Кавала кој е во затвор веќе четири години без пресуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово пуштање на слобода.

Во 2020 година тој беше ослободен од обвинувања поврзани со протестите организирани ширум државата во 2013 година, но оваа година пресудата беше укината и комбинирана со обвинувања за друг случај во врска со обид за организирање државен удар во 2016 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот