Турчин уапсен во Гостивар поради семејно насилство

Фото: Илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.О.(41) од Република Турција, со престој во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста” при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци”.

На 30.01.2019 година, пријавениот упатил закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга Ќ.Ј.(27) од Гостивар. По ова, на социјалната мрежа „Facebook”, на кориснички профил на Ќ.Ј., пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот