Тунберг: Светските лидери веќе немаат изговори

Младата активистка Грета Тунберг/Фото: Профимедиа

Младата активистка, Грета Тунберг, вели дека децата низ светот не смеат повеќе да трпат празни ветувања од страна на светските лидери на годинешната конференција на Обединетите Нации за климатските промени, пренесува Ројтерс.

Обединетите нации во својот извештај напишаа дека ниту едно дете нема да избегне влијанието на глобалното затоплување.

Во првиот извештај од овој вид, кој денеска го објавија УНИЦЕФ, се вели дека сите 2,2 милијарди деца во светот ќе бидат изложени на климатските промени и под еколошки ризик, од катастрофални поплави до силни пожари.

Тунберг (18) вели дека извештајот на УНИЦЕФ потврди дека децата ќе бидат најтешко повредени од климатските промени, а светските лидери на конференцијата во ноември во Гласгов, ќе мораат да преземат нешто, а не само да зборуваат за тоа.

„Не очекувам од нив да го направат тоа, но ќе бидам повеќе од среќна ако грешам“ изјави Тунберг.

Според неа, децата се повеќе изложени на еколошките катастрофи отколку возрасните и тие треба навреме да бидат спасени.

Извештајот на УНИЦЕФ вели дека 1 милијарда деца во 33 африкански земји се соочуваат со „смртоносни комбинации“ од екстремни временски и сиромашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот