Тунберг: Сите се бориме за животната средина и климата, но ништо не е сторено против климатските промени (ВИДЕО)

Знам дека не сакате да известувате за ова, знам дека не сакате да говорите за ова, но ве уверувам дека ќе продолжам да ги повторувам овие бројки сè додека не се интересирате за овој проблем- рече Грета Тунберг.

Шведската активистка за екологија, Грета Тунберг пред Светскиот економски форум во Давос, каде што се собрани политички и економски лидери, изјави дека „ништо не е сторено” за борба против климатските промени и покрај кампањите.

– Сите ние се бориме за животната средина и климата. Ако го разгледате тоа, ќе видите дека ништо не е сторено. Потребно е многу повеќе отколку што е направено. Ова е само почеток, рече Грета на првиот ден од форумот.

Знам дека не сакате да известувате за ова, знам дека не сакате да говорите за ова, но ве уверувам дека ќе продолжам да ги повторувам овие бројки сè додека не се интересирате за овој проблем- рече Грета Тунберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот