Тунберг: Политичарите и директорите не работат ништо освен сметководство и креативен ПР

Активистката против климатски промени, тинејџерката Грета Тунберг ги обвини денеска политичките и бизнис лидерите дека сакаат себеси да се претстават во подобро светло, а не преземаат агресивни акции во борбата против климатските промени.

– Уште верувам дека најголема опасност е да не се работи ништо. Вистинска опасност е кога политичарите и директорите предлагаат како да се работи нешто, а всушност не се работи ништо освен паметно сметководство и креативен ПР – изјави таа на самитот на ОН во Мадрид.

Тунберг истакна дека многу ветувања за балансирање на емисии на штетни гасови со ефект на стаклена градина не го вклучуваат влијанието на бродоградителството, воздухопловството и меѓународната трговија и повика на побрзо дејствување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот