Тунберг почнува онлајн климатски протест поради ситуацијата со Ковид-19 во Шведска

epa08377014 Environmental activist Greta Thunberg has a video conversation with Johan Rockström, who participates via a link from Germany, about the corona virus and the environment at the Nobel Museum in Stockholm, Sweden, 21 April 2020. EPA-EFE/Jessica Gow SWEDEN OUT

Активистката за заштита на животната средина, Грета Тунберг изјави дека го прекинува редовниот протест пред шведскиот Парламент поради зголемувањето на случаите на заразени со новиот коровавирус и дека се враќа на кампањата преку интернет.

– Ситуацијата се влошува, поради што се враќам на протестите во врска со климатските промени преку интернет, најави Тунберг на Твитер.

Од август 2018 година, Тунберг не оди на училиште во петок, но протестира пред шведскиот Парламент, барајќи од Владата да преземе поостри потези во врска со климатските промени.

Протестите наречени „Петок за иднината” се проширија низ целиот свет и станаа светски феномен.Поради пандемијата протестите беа прекинати до септември, кога беа повторно активирани.

Извор:МИА

Видео на денот