Тунберг: Барањата за промени беа целосно игнорирани од светските лидери

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Шведската активистка Грета Тунберг, која присуствуваше и зборуваше на настаните на Светскиот економски форум во швајцарското одморалиште Давос, рече дека нејзините повици за намалување на зависноста на светот од фосилни горива се игнорирани.

– Имавме неколку барања. Се разбира, овие барања беа целосно игнорирани. Не очекувавме ништо друго, рече таа пред новинарите на последниот ден од конференцијата.

Претходно, таа доби критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече „пророк на Судниот ден” и неговиот секретар за финансии, Стивен Мнучин, кој ја повика да „студира економија” пред да поставува вакви барања. Прашана за коментар за по изјавата на министерот, Тунберг рече дека не ја интересира тоа.

– Ако бевме заинтересирани за вакви работи, не би можеле да го направиме она што го правиме сега, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот