Тука лежи причината: Откриено зошто принцот Луис беше немирен на прославата за кралицата

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Најмладото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис (4), во текот на платинестиот јубилеј, прославата на 70 години од владеењето на кралицата Елизабета Втора, го украде целото внимание, а сега е откриена и причината зошто момчето било немирно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Мајк Тиндал, сопругот на најстарата внука на кралицата, Зара Филипс, открил дека шеќерот бил причина за немирното однесување на принцот Луис за време на повеќедневната прослава.

– Луис сакаше само да се забавува. А, моите две ќерки се секогаш непослушни, па затоа е тешко да ги смириме. Имаше многу слатки наоколу, така што во сето тоа беше вклучено и многу шеќер – рекол поранешниот рагбист Тиндал во една британска емисија.

Тој додал и дека на помладите членови на кралското семејство им било многу тешко да молчат во текот на целата програма.

– Сите се мали… И за тоа треба многу време. Но, како што знаат сите родители, едноставно правите сè што е потребно – заклучил Мајк, кого британските медиуми го нарекоа „кул вујко“ бидејќи цело време се обидувал да го забавува Луис, како и своите две ќерки Миа и Лена. Тој и неговата сопруга Зара го имаат и синот Лукас.

Да потсетиме, најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го воодушеви интернетот со своите смешни гримаси на балконот на Бакингемската палата, а потоа повторно го снимија како разменува низа урнебесни изрази на лицето додека ја гледа поворката во чест на кралицата.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот