33.8 C
Скопје

Тухел пресреќен по победата над Сити: Овој тим на Челси одбива да загуби

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е задоволен од карактерот кој го покажаа неговите фудбалери во дербито против Манчестер сити. Челси славеше со 2:1 на гостувањето кај Сити во дербито на 35 коло во Премиер лигата иако по првото полувреме имаше негатива по голот на Стерлинг.
Сепак, во второто полувреме, Челси направи пресврт со головите на Зијех и на Маркос Алонсо.

– На фантастичен начин одговоривме во второро полувреме откако во финишот на првиот дел бевме многу блиску да загубиме се. Но, ја градевме самодовербата од минута во минута во вториот дел и во ниту еден момент не престанавме да напаѓаме. На крајот голот беше награда на за нашиот пристап. Не се предававме, покажавме карактер и вистински дух. Ние сме тим кој одбива да загуби – изјави Тухел.

Поврзани вести

Пулјизовиќ ново засилување за РК Бутел

Слободен печат

Неверојатна животна приказна на данска фудбалерка: Татко и бил убиен од талибанци, зборува девет јазици и кога не дава голови е хирург

Слободен печат

ВИДЕО | Стојмановски: Со парите од пласманот на ЕП, ФФМ да им помогне на клубовите

Слободен печат

Детроит е победник на НБА лотаријата, ќе бира прв на драфтот

Слободен печат

На ОИ во Токио ќе има публика, но алкохолот ќе биде забранет

Слободен печат

Ѓоковиќ донесе конечна одлука, ќе настапи на ОИ во Токио

Слободен печат

Остави Коментар