Тухел пред утрешниот меч во ЛШ: Можете да победувате и без Роналдо

Менаџерот на лондонски Челси, Томас Тухел/Лондон, Велика Британија/25 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Менаџерот на Челси, Томас Тухел го коментираше утрешниот натпревар против Јувентус во Лигата на шампионите.

Германскиот стратег на лондонските „сини“ вели дека неговата екипа е меѓу претендентите за трофејот, но дека не е фаворит, иако минатата сезона беше европски шампион.

Во редовите на премиерлигашкиот клуб Н’Голо Канте е позитивен на коронавирус, а дуелот в среда ќе го пропуштат уште Мејсон Маунт, Рис Џејмс и Кристијан Пулишиќ.

– Јувентус загуби голем шампион, голема личност, но можете да победувате на натпреварите и без Кристијано. Роналдо е еден од најголемите во историјата. Јувентус е врвна екипа со искусен тренер. Имаат одреден менталитет изграден врз основа на победи. Ова е првпат да се соочам со нив – рече Тухел.

Челси и сезонава покажува дека ќе биде моќен на сите фронта оваа натпреварувачка сезона.

– Веројатно има повеќе очекувања откако триумфиравме минатата сезона, кога не бевме фаворити, но напредувавме со секој натпревар, а сега сме вистинскиот кандидат. Лесно е да се биде прогласен за фаворит. Мораме да го прифатиме тоа, но не сме фаворити за трофејот.

Не бевме задоволни од начинот на кој игравме во одбраната против Манчестер сити. Бевме премногу пасивни. Тоа не беше планот. Кога ја имавме топката, застанавме премногу длабоко. Изборот на шемата може да има влијание врз ова однесување. Мораме да бидеме подобри – се зборовите на Тухел.

Мечот од второто коло в среда (21.00 часот) помеѓу Јувентус и Челси дефинитивно привлекува најголемо внимание. Во првите средби од групата „Х“ „Старата дама“ славеше со 3:0 во Шведска над Малме, а клубот од „Стемфорд Бриџ“ со 1:0 дома го надигра рускиот Зенит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот